Рибата позната како „риба-зајак“ повторно привлекува огромно внимание, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа како оваа морска „инвазивна“ врста без никаков проблем каснува црвена пиперка, како да е обична грицка.
Станува збор за една од најконтроверзните риби што последниве години се шири низ Средоземното Море, а нејзините изненадувачки силни заби се она што најмногу ги шокира гледачите.
Во Грција оваа појава веќе предизвика загриженост, бидејќи се регистрирани случаи каде рибата каснала капачи и туристи. Експертите предупредуваат дека нејзиниот силен загриз може да предизвика сериозни повреди при директен контакт, па затоа се повикува на дополнителна внимателност во морето.
Веста и видеото ги пренесува Hypetv.rs
