Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека техничкиот проблем е целосно надминат и дека мобилната апликација повторно е ставена во функција и достапна за сите корисници.
Апликацијата „МојДДВ“, која ја користат стотици илјади граѓани за поврат на дел од платениот ДДВ при купувања во малопродажба, во изминатите пет дена не беше оперативна поради целосен прекин во нејзиното работење.
Од УЈП објаснуваат дека до прекинот дошло како резултат на технички прилагодувања и неопходно унапредување на системската инфраструктура.
По завршувањето на овие активности, апликацијата повторно функционира нормално и е достапна за корисниците на „Андроид“ и „иОС“ уреди, соопштуваат од Управата.
Веста ја пренесува Infomax.mk
