Фото: Факултет за физичко образование, спорт и здравје - Скопје
Македонскиот репрезентативец Вукашин Јовановиќ го освои златниот медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија.
Јовановиќ во финалето се соочи против Амин Абделмалки и успеа да слави со 3-2 по судиско изјаснување, со што ја освои светската титула.
Репрезентативецот на Македонија до златниот медал оствари победи од 7-0 против Мартин Асерето од Чиле, 3-0 над Сирапат Чимвонг од Тајланд, додека ремизираше со Хосеин Вафа (5-5).
