Фото: Принтскрин
Грција е популарна дестинација за многу Македонци, како и туристи од регионот, па многумина пред почетокот на сезоната се прашуваат колку пари се потребни за седум дена одмор на море.
Одговорот никогаш не е едноставен затоа што истиот зависи од точната дестинација, термин на патување, вид на сместување и начин како да се помине одморот.
Додека некои бираат луксузни хотели, други се одлучуваат за апартмани и пазарење во маркети, што може значително да влијае врз вкупниот буџет.
Најпопуларни острови и можеби едни од најскапи се Санторини и Миконос, но во останатите делови од Грција може да се помине многу поповолно.
Според проценките, парови би требало да планираат околу 1.400 евра за седумдневен одмор, додека за четиричлено семејство може сумата да излезе и до 2.800 евра.
