Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин најави дека воените сили ќе ги засилат ударите на украинската инфраструктура за да ги „одбијат“ нападите врз целите во Русија.
„Со оглед на тоа што го прават, мораме да нападнеме и тоа е наша следна задача. Ќе одговориме соодветно“, кажа Путин.
Путин посочи дека економијата брзо закрепнувала, иако во одредени моменти трпела штети поради украинските напади.
