Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Скопје добива брз железнички превоз: Маџари – Железничка за само 5 минути, еве кога ќе стартува!

Gladiator 12/06/2026

Патувањето со Градскиот воз од Маџари до Транспортниот центар ќе трае само 5 минути, што е значително побрзо од сегашниот автобуски превоз кој на истата релација вози речиси половина час.

Утринското тест-возење го следеа претставници од двете железнички компании, МЖ Транспорт и Инфраструктура, кои со тоа ја проверија функционалноста на новата линија.

„Првата фаза од релацијата Зелениково – Скопје е завршена речиси до 90 отсто. Во моментов работиме на горниот строј, заменувајќи дотраените дрвени прагови со бетонски, а каде што е потребно, се поставуваат нови дрвени прагови, согласно условите на теренот. За другите две фази е во тек постапка за избор на проектант, а градежните активности планираме да започнат оваа есен“, изјави Ивана Бикоска од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура.

Градскиот воз се очекува да започне со работа на 1 септември, со почетокот на учебната година. Од инфраструктурата уверуваат дека градежните работи ќе бидат завршени, но за целосна функционалност е потребна набавка на дополнителни возови. За првата линија возовите веќе се обезбедени, а за останатите две траси се очекува нивно пристигнување во наредниот период. Вкупно, на сите три траси ќе бидат потребни повеќе од 50 возови.

„Од септември, наутро ќе сообраќаат два воза, а потоа по еден. Во целост, планирано е секоја траса да има околу 18 возови, што значи вкупно 54 за сите три линии“, објасни Горанчо Јовановски, директор за патнички сообраќај.

Еколошките организации веќе дадоа предлози за подобрување на градскиот воз, нагласувајќи дека станиците треба да бидат пофункционални и пристапни за сите, вклучително и лица со попреченост. „Некои станици се недостапни и оддалечени од населени места. Можеби треба ЈСП да обезбеди транспорт до нив“, истакна Дарко Арсовски Петровски од „Гоу Грин“.

Во моментов, железничките линии од Скопје се протегаат до Велес, Гевгелија, Кочани и Кичево, според возниот ред на МЖ Транспорт.

Инаку, проблемите со железницата се долговремени. Претходно се дискутираше и за приватизација, а двете железнички компании се на врвот на листата на должници на Министерството за финансии, со неплатени обврски кои изнесуваат околу 80 милиони евра.

Веста и видеото ги пренесува Телма.мк

Tags: воз железничка Скопје

Continue Reading

Previous: Дамјан се бори за живот – Да не го оставиме сам!
Next: Москва ги засили нападите врз Украина: Путин испрати моќна порака

Најново

  • Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев
  • Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!
  • (ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“
  • (ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз
  • Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев

Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев

26/10/2026
Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!

Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!

26/10/2026
(ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“

(ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“

26/10/2026
(ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз

(ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз

26/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев
  • Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!
  • (ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“
  • (ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз
  • Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.