Вознемирувачки настан бил регистриран вчера во центарот на Тетово, каде според пријавите, жена физички го малтретирала своето малолетно дете на јавна површина. Очевидци реагирале веднаш штом го забележале инцидентот и се обиделе да го заштитат детето.
Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 9 јуни 2026 година околу 17 часот. Во пријавата било наведено дека околу 14:15 часот на улицата „Маршал Тито“ жена удирала дете на возраст од три до четири години.
Кога присутните граѓани почнале да негодуваат и да интервенираат, жената го оставила детето на местото на настанот и си заминала со детска количка во која се наоѓало друго малолетно дете.
За случајот биле известени надлежен јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Тетово. Од полицијата информираат дека се преземаат активности за идентификување и пронаоѓање на жената, како и за целосно расчистување на околностите.
Оставеното дете најпрво добило лекарска помош, по што било згрижено и предадено на грижата на Центарот за социјални работи во Тетово.
Веста ја пренесува Слободен печат.
