Фото: Принтскрин
Д-р Таше Трпчевски од Битола објави дека жена на 58-годишна возраст забременила со ин витро процедура и очекува тројка.
„Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај пациентка на 58-годишна возраст.
Кога желбата за дете е посилна од сите предизвици, медицината и упорноста можат да создадат неверојатни приказни.
Ултразвучниот преглед потврди тројна бременост, а слика 2 е исечок од разговорот помеѓу пациентката и д-р Таше Трпчевски“, се вели во објавата на болница „Плодност“.
