Фото: Принтскрин
Едно семејство од Србија на одморот на Тасос доживеало непријатно изненадување. На само неколку минути по симнување од траектот, тие се соочиле со висока парична казна и привремено одземање на возачката дозвола поради сообраќаен прекршок.
Според нивните зборови, проблемот се случил по излегување од траект, кога сакале да свртат до „Лидл“, но направиле грешка.
Пред нив имало грчко комбе кое свртело лево, а тие тргнале по него, односно не го забележале знакот за забрането вртење, по што полицијата ги сретнала и ги казнила со 350 евра.
