Фото: Принтскрин
Жители на Ново Лисиче повторно реагираа на прегласна музика која доаѓала од улицата „Тоше Проески“ и бараат надлежните да преземат мерки, се вели во групата „Општина Аеродром – Пријави Проблем“.
Оваа тема беше почната и пред речиси еден месец, кога жители на Ново Лисиче се жалеа дека музиката е прегласна и не можат да спијат поради неа, а сега повторно бараат реакција.
Исто така, дел од жителите во коментари на објавата се жалат дека слушаат силно тропање од детските игралишта, каде што светат рефлекторите по цела ноќ. Видеото погледнете го ТУКА.

