Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека во моментов не гледа смисла за состанок со украинскиот колега Володимир Зеленски.
Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург кажа дека претходните директни средби немале конкретни резултати.
„Досегашното искуство покажа дека таквите состаноци служат за да се купи време. Нас ни се потребни договори, а не состаноци“, кажа Путин.
