Сања се бори со сериозна здравствена состојба која ѝ го загрозува движењето и секојдневниот живот. Нејзините нозе се со рани и таа секојдневно страда од неподносливи болки. Без итна операција, постои ризик таа никогаш повеќе да не може да застане на нозе.
” Луѓе, ве молиме со споени раце, не ја одминувајте нашата мајка Сања, помогнете ни да ја спасиме! Таа секој ден плаче од силни болки, нозете и се со рани и многу ни е страв дека ќе остане во количка и повеќе нема да може да застане на нозе за да не гушне. Ние сме уште мали и душата ни се кине кога ја гледаме ваква немоќна, а пустите пари за операцијата ги немаме и сметката ни е скроз празна.
Ве замолуваме како Господ, бидете луѓе и донирајте уште денес кој колку може не дозволувајте да ни пропадне шансата за нашата мајка само затоа што сме немале пари! ” – Се вели во апелот.
Објавата може да ја погледнете тука!
