Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот пејач Халид Бешлиќ, почина по долго и тешко боледување.
Со децении таа беше неговата најголема потпора, верен животен сопатник и личност која стоеше зад него во сите важни моменти од неговиот живот и кариера. Нивната љубовна приказна траеше со години и често беше посочувана како пример за искрена љубов, почит и меѓусебна посветеност.
По смртта на Халид Бешлиќ минатата година, здравствената состојба на Сејда значително се влошила. Во изминатиот период таа водела тешка битка со болеста, која за жал заврши со нејзиното заминување.
Семејството, блиските пријатели и бројните почитувачи на семејството Бешлиќ се простуваат од жена која ќе остане запаметена по својата скромност, достоинственост и несебична поддршка што му ја даваше на својот сопруг низ целата негова богата музичка кариера.
Нејзиното име засекогаш ќе остане поврзано со една од најубавите љубовни приказни на балканската музичка сцена.
Веста ја пренесува Telegraf.rs
