Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Полицијата брзо реагираше: Приведен мажот од Велес кој ја тепал и давел сопругата среде Скопје!

Gladiator 30/05/2026

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициските службеници со брза и координирана акција го уапсиле 48-годишен жител на Велес, осомничен за семејно насилство врз својата сопруга и малолетната ќерка.

Според информациите од МВР, на 29 мај околу 11:40 часот, од очевидец било пријавено дека на територијата на Општина Центар маж физички ја нападнал својата сопруга. По добиената пријава, полицијата веднаш започнала со мерки за пронаоѓање на сторителот и обезбедување заштита на жртвата.

Преку полициски проверки, било утврдено дека сторителот и жртвата се од Велес, по што во акцијата се вклучиле и полицајци од СВР Велес.

Кога Џ.Б. (48) се вратил во домот заедно со својата 43-годишна сопруга, повторно ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, заканувајќи им се со остар предмет.

Благодарение на брзата интервенција на полицијата, осомничениот бил приведен во 21 часот. Остриот предмет бил одземен, а лицето задржано во полициската станица.

За настанот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес, а по комплетирање на доказите ќе следува соодветна кривична пријава.

Од МВР апелираат до граѓаните веднаш да пријавуваат случаи на семејно насилство, без разлика дали се жртви или сведоци, за навремена заштита на загрозените лица.

Веста ја пренесува Skopje1.mk

Tags: Велес МВР насилство Скопје

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ЗАДУШНИЦА: Граѓани револтирани од запуштената состојба на гробиштата „Камник“!
Next: ВОЗНЕМИРУВАЧКА СЦЕНА НА ВОДНО: Девојка тврди дека била пресретната од гол маж додека била сама во природа!

Најново

  • (ВИДЕО) Ракетните напади не запираат: Двајца американски војници загинаа, еден е исчезнат
  • Американски војници загинаа: Лидерот на Иран му се закани на САД дека ќе добие лекција каква што не памети
  • Османи со остра реакција за натписот на влезот на Скопје
  • Готово е: Ова е следниот важен човек на „листата за отстрел“ на Зеленски
  • (ВИДЕО) Брутални удари длабоко во Русија – погодени се клучни мети

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Ракетните напади не запираат: Двајца американски војници загинаа, еден е исчезнат

(ВИДЕО) Ракетните напади не запираат: Двајца американски војници загинаа, еден е исчезнат

18/07/2026
Американски војници загинаа: Лидерот на Иран му се закани на САД дека ќе добие лекција каква што не памети

Американски војници загинаа: Лидерот на Иран му се закани на САД дека ќе добие лекција каква што не памети

18/07/2026
Османи со остра реакција за натписот на влезот на Скопје

Османи со остра реакција за натписот на влезот на Скопје

18/07/2026
Готово е: Ова е следниот важен човек на „листата за отстрел“ на Зеленски

Готово е: Ова е следниот важен човек на „листата за отстрел“ на Зеленски

18/07/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Ракетните напади не запираат: Двајца американски војници загинаа, еден е исчезнат
  • Американски војници загинаа: Лидерот на Иран му се закани на САД дека ќе добие лекција каква што не памети
  • Османи со остра реакција за натписот на влезот на Скопје
  • Готово е: Ова е следниот важен човек на „листата за отстрел“ на Зеленски
  • (ВИДЕО) Брутални удари длабоко во Русија – погодени се клучни мети

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.