36-годишен маж од Тетово се превртел со својот автомобил додека се обидувал да избегне полициска патрола со вклучени ротациски светла, соопшти МВР.
Инцидентот се случил откако неговиот „пежо 607“ бил удрен од друго возило „голф“, кое подоцна го следело низ градот.
При обидот да побегне, на крстосницата меѓу улиците „Видое Смилевски Бато“ и „29 Ноември“, возачот забележал полициско возило со активни ротации зад него. Наместо да застане, тој продолжил кон патот кон селото Порој, каде изгубил контрола над автомобилот и се превртел на кров.
Инцидентот е пријавен во СВР Тетово, а полицијата продолжува со истрага за точните околности.
Веста ја пренесува Premiernews.mk
