Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) ХАОС ВО КАПИШТЕЦ: Јамата се затрупува, откриени сериозни пропусти и незаконско градење!

Gladiator 28/05/2026

По инцидентот со свлечиштето во Капиштец, експертите утврдиле сериозни пропусти при изведбата на градежните работи, а дел од активностите биле реализирани спротивно на одобрената техничка документација и без соодветен стручен надзор.

Жителите на улицата „Христо Смирненски“ во понеделникот беа сведоци на драматично свлекување на земјиштето за време на ископ за нова зграда, по што Општина Центар веднаш формираше кризен штаб и побара стручна помош од Градежниот факултет.

Според препораките на експертите, донесена е одлука градежната јама целосно да се затрупа и теренот да се врати во првобитна состојба, со цел да се спречат нови оштетувања и опасности за околните објекти и улици.

Деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски, информираше дека при увидот биле забележани повеќе нерегуларности, меѓу кои и недостаток на заштитни конструкции и несоодветно обезбедување на просторот.

– Работите не биле изведени согласно проектот, а очигледно недостигал и стручен надзор на терен – изјави Јосифовски, посочувајќи дека токму тоа придонело за инцидентот.

Тој предупреди дека во Македонија не постои обврска за посебен проект за заштита на градежни јами, што, според него, е една од причините за зачестените свлечишта и небезбедни градилишта.

Во меѓувреме, започна затрупувањето на јамата, а по стабилизирањето на теренот ќе следуваат дополнителни анализи за да се утврди дали има опасност за околните згради и инфраструктурата.

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, најави строги санкции против инвеститорот и изведувачот, нагласувајќи дека нема да се толерира несовесно и небезбедно градење.

– Инспекторите веќе констатираа сериозни прекршувања. Ќе следуваат најстроги мерки за сите што не ги почитуваат законите и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните – порача Герасимовски.

Од Општината информираат дека инвеститорот ќе мора на сопствен трошок да ги санира сите штети предизвикани од инцидентот, меѓу кои оштетен тротоар, падната бандера и оштетена канализациска мрежа.

Според информациите објавени во медиумите, инвеститори на објектот се компании од Тетово, додека надзорот на проектот го вршела фирма од Гостивар.

Инцидентот се случи на 25 мај околу 13:30 часот, кога при ископ со багер се свлече земјиште и ја затрупа машината. Возачот успеал навреме да се извлече и помина без повреди.

Веста ја пренесува Слободен печат.

Видеото може да го погледнете тука!

Tags: градилиште инцидент јама Капиштец

Continue Reading

Previous: Нов лик за „Стив Наумов“: Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом!
Next: Бегство со голема брзина завршило со превртено возило во Тетово!

Најново

  • (ВИДЕО) Несреќа на снимање: Автомобил му ја повреди ногата на познат возач и инфлуенсер!
  • (ФОТО) Семејството Дончев загина на пат кон свадба во стравична сообраќајка во Вирџинија
  • Возел под дејство на дрога и свртел на две полни линии: Приведен 31-годишен возач кој усмрти млад моторџија
  • (ФОТО) Трагедија: Ова е момчето кое загина синоќа во Скопје
  • (ФОТО) Полицајците од Бреза покажаа вистинска хуманост: Старо лице без помош доби поддршка во вистински момент!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Несреќа на снимање: Автомобил му ја повреди ногата на познат возач и инфлуенсер!

(ВИДЕО) Несреќа на снимање: Автомобил му ја повреди ногата на познат возач и инфлуенсер!

31/05/2026
(ФОТО) Семејството Дончев загина на пат кон свадба во стравична сообраќајка во Вирџинија

(ФОТО) Семејството Дончев загина на пат кон свадба во стравична сообраќајка во Вирџинија

31/05/2026
Возел под дејство на дрога и свртел на две полни линии: Приведен 31-годишен возач кој усмрти млад моторџија

Возел под дејство на дрога и свртел на две полни линии: Приведен 31-годишен возач кој усмрти млад моторџија

30/05/2026
(ФОТО) Трагедија: Ова е момчето кое загина синоќа во Скопје

(ФОТО) Трагедија: Ова е момчето кое загина синоќа во Скопје

30/05/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Несреќа на снимање: Автомобил му ја повреди ногата на познат возач и инфлуенсер!
  • (ФОТО) Семејството Дончев загина на пат кон свадба во стравична сообраќајка во Вирџинија
  • Возел под дејство на дрога и свртел на две полни линии: Приведен 31-годишен возач кој усмрти млад моторџија
  • (ФОТО) Трагедија: Ова е момчето кое загина синоќа во Скопје
  • (ФОТО) Полицајците од Бреза покажаа вистинска хуманост: Старо лице без помош доби поддршка во вистински момент!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.