Фото: PavelAndreev.com
Наташа има потреба од помош откако нејзиното колено откажало и поради тоа мора да прави операција во специјализирана болница во Република Турција, за повторно да застане на свои нозе.
ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ, ТОГАШ МОЖЕ ДА ДОНИРАТЕ НА PAVELANDREEV.COM (ТУКА)
„Замислете да сте затвореник во сопствениот дом, каде што секој чекор до кујната е агонија што ве тера да плачете од болка. Моето колено целосно ми откажа, а секој ден што поминува без операција во Турција е чекор поблиску до тоа никогаш повеќе да не застанам на свои нозе.
Срамот што морам да барам помош е ништо во споредба со стравот дека ќе останам врзана за кревет до крајот на животот. Ве молам, подајте ми рака сега кога ми е најтешко, зашто секој ваш денар е единствениот пат до мојот спас. Помогнете ми да ја соберам потребната сума и да си го вратам достоинството и слободата што ги изгубив“, се вели во апелот.
