Фото: Принтскрин
Познатиот пејач Радиша Трајковиќ Џани неодамна доживеа драма на една свадба, кога гостин го гризна за стомак.
Џани во разговор со новинарите откри детали од инцидентот по кој заврши во болница.
„Добро сум, имам мал завој. Ме гризна мој познаник, а сè почна како шега и на крај скокна да ме гризне. Меѓутоа, овде имав голем младеж и неодамна вградував стентови и пијам лекови за разредување на крвта. Тој ми откина половина младеж и цел бев во крв. Цел живот бегам од кучиња, а на крајот ме гризна човек“, раскажува пејачот.
Фотографиите може да ги погледнете ТУКА.
