Напнатоста меѓу Скопје и Битола повторно излезе на површина. Матурантите од СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола го одбележаа завршетокот на средното образование со спорна и провокативна прослава. За време на изведбата на песната „Дирлада“, тие упатија навредливи зборови кон главниот град и државата, предизвикувајќи реакции во јавноста.
Оваа песна веќе претходно се најде во центарот на вниманието поради навредлив текст упатен кон познатата пејачка Каролина Гочева. Случајот повторно отвори дискусии на социјалните мрежи за ривалството меѓу Скопје и Битола.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
