Фото: Принтскрин
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска кажа дека ќе има санкции за родители чии деца се насилни во училиштата.
Јаневска посочи дека ќе се воведе казна од 250 евра за родителите чии деца вршат насилство во образовните установи.
„За секое сторено насилно дело да биде казнет родителот, но и казна за родителите ако одбие да соработува со училиштето и другите институции“, кажа Јаневска.
