На 11 мај 2026 година, во 11:06 часот, во СВР Скопје е пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана од основно училиште во општина Аеродром, неколку ученици биле физички нападнати од други малолетници. Еден од учениците при тоа останал без личен накит.
Во 16:13 часот, А.К. (47) од Скопје пријавил дека неговиот 13-годишен син и двајца негови соученици, додека учествувале на истата училишна екскурзија во парк-шумата Гази Баба, биле нападнати од неколку малолетници. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Веста ја пренесува Infomax.mk
