Фото: Орце Ѓорѓиевски/Фејсбук
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) треба да утврди дали животното фатено во Козле, Скопје е волк или куче.
АХВ информира дека официјални ветеринари ќе извршат контрола во ЗОО-Скопје во текот на денот со цел да се утврди видот на заловеното животно, пренесува „Скопје1“.
Животното заловено во вечерните часови предизвика паника кај граѓаните.
