Фото: Принтскрин
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф кажа дека синоќа вооружените сили на Иран се подготвени да дадат разорен одговор на било каква агресија.
„Нашите вооружени сили се подготвени да го дадат заслужениот одговор на секоја агресија. Погрешната стратегија и одлуки секогаш ќе носат катастрофални резултати. Цел свет го знае тоа“, кажа Калибаф.
Калибаф посочи дека иранските сили се „борбено подготвени“ и погрешните одлуки на противникот нема да донесат до успех, туку до сериозни последици.
