Нови, мистериозни билборди со необичен телефонски број се појавија низ улиците на Скопје, веднаш привлекувајќи големо внимание. На нив пишува: „Како звучи неодговорно возење?“ или „Најстрашниот звук по сообраќајна несреќа? Повикај и слушај.“
Многумина граѓани се обидоа да се јават, но телефонот секогаш ѕвони без никој да одговори. Токму тоа е замислата на кампањата – да се испрати силна порака за последиците од брзото и ризично возење.
Билбордите предизвикаа бројни коментари и реакции на социјалните мрежи, а голем дел од граѓаните ја оценија иницијативата како креативна и моќна, која навистина ја поттикнува свеста за безбедноста во сообраќајот.
Веста ја споделува 24chasa.mk
