Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Нова тензија со Софија: Бугарската министерка со спорни изјави, Муцунски реагираше!

Gladiator 12/05/2026

Бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова Чамова, уште на почетокот од својот мандат предизвика реакции со обраќањето кон македонските претставници како „северномакедонски колеги“. Таа порача дека Македонија мора да ги исполни обврските преземени во договорот со Европската унија од 2022 година и да ги реализира потребните политички чекори за продолжување на евроинтегративниот пат.

На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Брисел, Петрова Чамова истакна дека ставовите на Бугарија повеќе не се дел од билатерален спор, туку се вклучени во официјалниот процес меѓу Европската унија и земјата кандидат.

„Остваривме коректен прв контакт со македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Позицијата на Бугарија од 2022 година е составен дел од европската рамка и не претставува само билатерално прашање“, изјави таа.

Според бугарската министерка, држави од регионот како Албанија и Црна Гора веќе напредуваат во евроинтеграциите, додека Македонија ризикува да остане надвор од актуелниот процес на проширување.

„Следните неколку години може да бидат клучни за проширувањето на Унијата. Доколку шансата не се искористи навреме, последиците може да бидат сериозни“, нагласи Петрова Чамова.

На нејзините изјави реагираше министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој појасни дека немало официјална билатерална средба меѓу двајцата министри, туку само краток разговор за време на настанот.

„Би сакал да појаснам дека денеска немавме официјална средба. Стануваше збор за кратка комуникација на маргините на настанот, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се смета за средба, тогаш денес имавме многу такви ‘средби’“, истакна Муцунски.

Тој дополнително реагираше и на употребата на терминот „северномакедонски“, оценувајќи го како несоодветен и навредлив.

„Македонците се Македонци. Тоа не е политичко прашање, туку прашање на почитување на идентитетот и достоинството на народот. Во дипломатијата, точноста во изразувањето е одраз на меѓусебна почит“, порача Муцунски.

Веста ја пренесува Infomax.mk

Tags: Бугарија министерка Муцунски тензија

Continue Reading

Previous: Хорор во училиште во Ченто: 15-годишник се бори за живот по напад со нож!
Next: „ПОВИКАЈ И СЛУШАЈ“: Тајни билборди со силна порака за безбедноста во сообраќајот им привлекоа внимание на скопјани!

Најново

  • (ФОТО) Љупчо исчезна пред четири дена, последен пат бил забележан во Ново Лисиче
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Драматични сцени на сред улица: Две семејства во крвав судир!
  • (ФОТО) Хумана одлука во најтешкиот момент: Едно семејство спаси два човечки животи
  • Мендух Тачи: Али Ахмети е најневерниот човек кој сум го запознал во животот
  • Расте К-15 за работниците: Еве по колку пари треба да добијат на сметката

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Љупчо исчезна пред четири дена, последен пат бил забележан во Ново Лисиче

(ФОТО) Љупчо исчезна пред четири дена, последен пат бил забележан во Ново Лисиче

11/08/2026
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Драматични сцени на сред улица: Две семејства во крвав судир!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Драматични сцени на сред улица: Две семејства во крвав судир!

11/08/2026
(ФОТО) Хумана одлука во најтешкиот момент: Едно семејство спаси два човечки животи

(ФОТО) Хумана одлука во најтешкиот момент: Едно семејство спаси два човечки животи

11/08/2026
Мендух Тачи: Али Ахмети е најневерниот човек кој сум го запознал во животот

Мендух Тачи: Али Ахмети е најневерниот човек кој сум го запознал во животот

11/08/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Љупчо исчезна пред четири дена, последен пат бил забележан во Ново Лисиче
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Драматични сцени на сред улица: Две семејства во крвав судир!
  • (ФОТО) Хумана одлука во најтешкиот момент: Едно семејство спаси два човечки животи
  • Мендух Тачи: Али Ахмети е најневерниот човек кој сум го запознал во животот
  • Расте К-15 за работниците: Еве по колку пари треба да добијат на сметката

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.