Оваа година, грчките власти прогласија 251 плажа за целосно забранета зона за какви било објекти, вклучително изнајмување лежалки, чадори или привремени дрвени конструкции.
Министерството за заштита на животната средина на Грција објаснува дека оваа мерка е насочена кон зајакнување на заштитата на плажите со исклучителна естетска, геоморфолошка и еколошка вредност, како и кон зачувување на биодиверзитетот и стаништата на растителните и животинските видови кои зависат од нив.
Со оваа забрана, на 251 плажа нема да се дозволува поставување на чадори и лежалки, вклучително и на плажите кои се дел од заштитените морски области NATURA 2000.
Веста ја пренесува Канал 5 телевизија.
