Фото: PavelAndreev.org
Наместо детството да ѝ биде игра, смеење и безгрижност, Нина е заглавена во болници, операции и бескрајни терапии.
ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ ДА ДОНИРАТЕ, ТОА МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ И НА PAVELANDREEV.ORG (КЛИКНИ ТУКА)
„Јас сум мајка на Нина – дете кое цел живот се бори повеќе отколку што многумина можат да замислат. Денес моето дете живее со постојана болка и покрај сите терапии. Како мајка, најтешко е да го гледаш своето дете како страда, а да знаеш дека постои надеж – но таа надеж е прескапа за нас“, вели мајката.
За лекувањето на Нина се потребни најмалку 54.361 евра, плус дополнителни трошоци за пат и престој.

