Фото: Принтскрин
Трагедија ја потресе Пјаченца, каде што 55-годишната Милена В. била пронајдена почината во стан со повеќе убодни рани од нож.
Италијанските медиуми пишуваат дека нејзиниот сопруг Хако В. признал дека ја убил сопругата, а потоа тргнал кон гробот на нивниот син Методиј, кој починал пред неколку години.
Пред шест години голема трагедија го погоди семејството, односно едно од децата, Методиј загина во сообраќајка.
Хако В. наводно сакал да си го одземе животот на гробот на неговиот син, но не успеал, по што бил приведен.
