Млад Палестинец го загуби животот откако беше застрелан од израелски сили при денешна акција во Газа, град во рамки на палестинските територии. Од палестинското Министерство за здравство информираа дека станува збор за 26-годишниот Најеф Фирас Самаро, кој подлегнал на тешките повреди здобиени од куршуми во пределот на главата.
Како што јавува официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, израелските единици навлегле во областа и спровеле рации, при што биле претресени повеќе продавници во присуство на засилени воени сили. Засега нема податоци за приведени лица.
Веста ја пренесува Trtbalkanmk.
