На социјалните мрежи се појави видео-снимка од денешен настан во скопската зоолошка градина, на која сведочеле посетители. На снимката се забележува како група деца го вознемируваат нилскиот коњ, фрлајќи камења кон него.
Очевидци посочуваат дека присутните повеќепати ги опоменале децата да престанат со ваквото однесување, но и покрај предупредувањата, тие продолжиле со истото одново.
Според сведоштвата, освен кон нилскиот коњ, децата се однесувале недолично и кон други животни, при што ги вознемирувале и со плукање.
Веста ја пренесува Infomax.mk
