Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Екстрадицијата на Груевски во застој: Институциите ги комплетираат документите!

Gladiator 03/05/2026

Постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски во Северна Македонија сè уште е во тек, без конечен исход. Во моментов, клучната одговорност е кај надлежните институции, кои треба да ја обезбедат и достават целокупната документација до Министерството за правда.

Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека веќе одговориле на барањето на Министерството и ги испратиле сите потребни материјали. Оттаму појаснуваат дека документацијата се доставувала континуирано, а дополнително биле побарани информации за евентуални промени во пресудите или постапките што би можеле да имаат влијание врз случајот. Судот доставил податоци за тоа за кои предмети има распишани потерници, како и за тековните постапки.

Министерот за правда Игор Филков неодамна изјави дека Министерството веќе упатило барања до сите релевантни институции и дека се очекува тие да ги комплетираат потребните документи. Тој најави и дека по формирањето на новата влада во Унгарија ќе стапи во контакт со својот колега, со цел да ја потенцира важноста на случајот и да побара информации за евентуални промени во статусот и одлуките на унгарските власти.

Досега, скопскиот Кривичен суд има донесено три пресуди против Груевски. Во случајот „Насилство во Центар“ му е изречена казна затвор од една година и шест месеци, која застарува во септември 2027 година. За предметот „Плацеви на Водно“ е осуден на девет години затвор, со рок на застарување до февруари 2043 година. Во рамки на истиот предмет, изречена е и парична казна која, поради ненаплата, е заменета со дополнителни 180 дена затвор.

Од друга страна, пресудата во случајот „Тенк“, со која беше осуден на две години затвор, веќе е застарена од октомври 2024 година, согласно законските рокови. Во моментов, активни остануваат предметите „Титаник“ и „Талир“, во кои му се суди во отсуство бидејќи не е достапен на органите на прогонот.

Груевски ја напушти државата во 2018 година и замина во Унгарија, каде што доби политички азил. Претходното барање за негова екстрадиција беше одбиено токму поради тој статус.

Премиерот Христијан Мицоски неодамна изјави дека доколку Груевски се врати во земјата, надлежните институции ќе постапат согласно важечките судски одлуки, што значи дека ќе се соочи со издржување на затворските казни.

Веста ја пренесува Телевизија 24.

Tags: Груевски екстрадиција

Continue Reading

Previous: Три години од трагедијата во „Владислав Рибникар“: Сеќавање, болка и повик за единство!
Next: (ВИДЕО) Срамен инцидент во ЗОО Скопје – деца фрлале камења и вознемирувале животни!

Најново

  • (ВИДЕО) На граница со енергија: Евзони во акција!
  • (ФОТО) Никола Груевски се јави по најавите за негова екстрадиција
  • (ВИДЕО) Драмa на Филипините: Се активираше еден од најголемите вулкани – ниво на АЛАРМ 3, локалците во паника!
  • (ВИДЕО) Трагедија во Газа: Млад човек убиен во воена акција!
  • (ВИДЕО) КОЛАПС НА ГРАНИЦИТЕ: Чекања до 3 часа на Евзони поради викенд-бран и нови контроли!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) На граница со енергија: Евзони во акција!

(ВИДЕО) На граница со енергија: Евзони во акција!

03/05/2026
(ФОТО) Никола Груевски се јави по најавите за негова екстрадиција

(ФОТО) Никола Груевски се јави по најавите за негова екстрадиција

03/05/2026
(ВИДЕО) Драмa на Филипините: Се активираше еден од најголемите вулкани – ниво на АЛАРМ 3, локалците во паника!

(ВИДЕО) Драмa на Филипините: Се активираше еден од најголемите вулкани – ниво на АЛАРМ 3, локалците во паника!

03/05/2026
(ВИДЕО) Трагедија во Газа: Млад човек убиен во воена акција!

(ВИДЕО) Трагедија во Газа: Млад човек убиен во воена акција!

03/05/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) На граница со енергија: Евзони во акција!
  • (ФОТО) Никола Груевски се јави по најавите за негова екстрадиција
  • (ВИДЕО) Драмa на Филипините: Се активираше еден од најголемите вулкани – ниво на АЛАРМ 3, локалците во паника!
  • (ВИДЕО) Трагедија во Газа: Млад човек убиен во воена акција!
  • (ВИДЕО) КОЛАПС НА ГРАНИЦИТЕ: Чекања до 3 часа на Евзони поради викенд-бран и нови контроли!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.