Под затворот Мегидо во северен Израел е откриен извонреден мозаик кој датира од околу 230 година. На него има грчки натпис што сведочи дека побожната Акептус му посветила трпеза на Бога, односно на Исус Христос, како спомен.
Овој наод се смета за најстар познат археолошки доказ во кој Исус директно се именува како Бог, и тоа неколку векови пред одржувањето на Никејскиот собор. Тоа укажува дека верувањето во неговата божественост било длабоко вкоренето уште во раната христијанска заедница.
Се претпоставува дека мозаикот бил дел од домашна црква, а во него е вклучен и симболот на риба. Овој ранохристијански знак ги претставува чудата и заедништвото меѓу верниците кои се собирале на тоа место.
Веста ја пренесува Novizivotnet.
