Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски имаше прес-конференција на која зборуваше на повеќе теми, а притоа ги спомена и изборите во Бугарија, каде што имаше пријавено само 210 Бугари од Македонија, иако политичари од источниот сосед тврдеа дека има над 200.000 Бугари во земјава.
„Разочаран сум што само 210 македонски Бугари се пријавиле да гласаат на изборите во Бугарија од тие „200.000 според Радев“, кажа Мицкоски.
Според првичните информации, убедлива победа оствари „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев.
