Фото: ChatGPT
Американскиот претседател Доналд Трамп испрати порака преку социјалните мрежи и се закани со уништување на Иран.
„Иран вчера одлучи да отвори оган во Ормускиот теснец, што претставува целосно кршење на нашиот договор за примирје. Многу ракети беа насочени кон француски брод и еден од Велика Британија“, кажа Трамп.
„Ако не прифатат договор, ќе ми биде чест да го направам тоа што мора, што другите претседатели требаше да го направат во претходните 47 години“, додаде првиот човек на САД.

