Фото: Принтскрин
Во интервју за руската државна агенција „ТАСС“, Марија Захарова кажа дека имало европски земји кои му „помагале на нацистичкиот режим“, пишува „Klix.ba“.
Захарова ги посочи Чешка, Белгија, Финска, Франција, Италија, Латвија, Холандија, Норвешка, Полска и Австрија за земји кои помагале.
„Многу е важно да се памети и сфати дека одлуката да се признаат ѕверски убиства врз цивили и воени злосторства, не ја завршува работата“, кажа таа.
Захарова го даде интервјуто по повод Денот на сеќавањето на жртвите од советскиот народ, кој во Русија се одржува по првпат денеска.
