На одделението за хирургија во Здравствениот центар во Врање се случил инцидент на Велики четврток, кога пациент физички нападнал лекар по завршен преглед.
Според информациите, пациент од Бујановац пристигнал во болницата на преглед, но бил незадоволен од начинот на кој бил третиран. Во тој момент, во расправијата, тој го удрил докторот со отворена дланка во пределот на лицето, изговарајќи зборови во кои изразил незадоволство и збунетост за тоа каде понатаму да се обрати за лекување.
По настанот, полицијата извршила увид и веднаш го известила надлежното јавно обвинителство. Од таму е наложено против пациентот да биде поднесена кривична пријава во редовна постапка, поради сомнение за напад врз здравствен работник.
Од обвинителството е наведено дека случајот е евидентиран и се преземаат понатамошни законски мерки.
Веста ја пренесува Pepo.vesti
