Фото: Принтскрин
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во касарната „Васа Чарапиќ“ присуствуваше на одбележувањето на Денот на Одредот на воена полиција за специјални намени „Кобри“. Во рамки на настанот тој го разгледа и новиот објект наменет за сместување и обука на припадниците на оваа елитна единица.
Присутните имаа можност да видат дел од обуката која ја изведуваат специјалните антитерористички тимови, при што беа прикажани техники како брзо спуштање со „fast rope“, обезбедување на оперативна зона, како и динамично влегување и контрола на објект.
Денот на единицата „Кобри“ традиционално се одбележува на 14 април.
Веста ја пренесува Nistv.rs
