Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

ИРЛ: Еве што всушност било пресудно таа вечер во дискотеката „Пулс“!

Gladiator 23/12/2025

Најновото истражување на ИРЛ открива дека жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ не починале од класично задушување со јаглерод моноксид, туку од дејството на водороден цијанид – исклучително токсичен гас кој се ослободува при горење на полиуретански материјали.

Иако судско-медицинските вештачења потврдиле присуство на јаглерод моноксид во крвта на загинатите, измерените вредности, според ИРЛ, не биле доволни за да предизвикаат смрт. Истражувањето укажува дека клучниот фактор бил цијановодородот, кој почнал да ја исполнува просторијата откако се запалил полиуретанскиот сунѓер поставен на кровната конструкција.

Станува збор за безбоен гас, со специфичен мирис налик на горчлив бадем – карактеристика што не сите луѓе можат да ја почувствуваат. Неговото дејство е исклучително брзо: го спречува користењето на кислородот во клетките, со што телото престанува да „дише“ на клеточно ниво. Дури и минимални концентрации можат да бидат фатални за неколку минути.

Според наодите од хемиските и градежните вештачења, како и новите искази од сведоци за случувањата во ноќта на 16 март, во клубот гореле материјали кои ослободуваат силно токсични гасови. Полиуретанскиот сунѓер, кој бил поставен како звучна изолација на таванот, прв се запалил од искрите на пиротехниката.

Иако обвинителите и судските вештаци биле свесни дека согорувањето на ваков материјал создава водороден цијанид, во текот на истрагата не било испитано неговото присуство во организмите на жртвите, наведуваат од ИРЛ.

Материјалот од таванот целосно изгорел за време на пожарот, поради што не можел да биде директно анализиран. Истражителите, сепак, обезбедиле документација од кратовската фирма „Силпен“, од која во 2012 година бил набавен сунѓерот за звучна изолација – во количина од 95 килограми. На нивно барање, компанијата доставила идентичен материјал за анализа.

Резултатите покажале дека не се работи за графитен сунѓер, како што било наведено во проектната документација, туку за полиуретан – материјал без огноотпорни својства. При горење, полиуретанот создава густ, отровен чад и испушта водороден цијанид, кој делува далеку побрзо и посмртоносно од јаглерод моноксидот.

За разлика од јаглерод моноксидот, кој дејствува постепено и е без мирис, цијановодородот предизвикува нагла дезориентација, губење рамнотежа, парализа и смрт во многу краток временски период.

И покрај овие сериозни индиции, во Институтот за судска медицина не биле направени токсиколошки анализи за утврдување на присуство на цијанид во крвта на починатите. Од таму за ИРЛ не дале јасен одговор дали Јавното обвинителство воопшто побарало вакви испитувања.

Tags: кочани македонија пожар

Continue Reading

Previous: Хигиеничарка била вознемирувана од шефот во училиште – еве како ја нарекувал!
Next: Еве кој витамин може да помогне ако живеете во град со загаден воздух!

Најново

  • (ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка
  • Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина
  • (ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче
  • (ФОТО) Македонија освои злато и две бронзи на Балканската математичка олимпијада
  • „Вакво сценарио досега не сме виделе“: СЗО со нови детали за вирусот – еве како се пренесува

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка

(ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка

08/05/2026
Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина

Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина

08/05/2026
(ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче

(ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче

08/05/2026
(ФОТО) Македонија освои злато и две бронзи на Балканската математичка олимпијада

(ФОТО) Македонија освои злато и две бронзи на Балканската математичка олимпијада

08/05/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка
  • Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина
  • (ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче
  • (ФОТО) Македонија освои злато и две бронзи на Балканската математичка олимпијада
  • „Вакво сценарио досега не сме виделе“: СЗО со нови детали за вирусот – еве како се пренесува

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.