Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Еве колку пари добија граѓаните преку „Мој ДДВ“

Gladiator 28/11/2025

Досега, граѓаните добиле вкупно 552 милиони денари преку мерката „Мој ДДВ“, а подготвени се налози за дополнителни 370 милиони денари, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова.

Таа објасни дека кај дел од граѓаните може да има привремено одложување на исплатата, што најчесто се должи на технички причини надвор од контрола на УЈП, како на пример невалидни трансакциски сметки.

„Исплатата на ‘Мој ДДВ’ е во тек. Во овој момент се подготвуваат поврати за третиот квартал, заклучно со 30 септември. Обработката на налозите започнува по поднесување на пријавите во септември. Може да има доцнење кај оние лица чии сметки не се валидни или поради други технички пречки кои не зависат од УЈП“, истакна Петрова.

Што се однесува до повратот на ДДВ за компаниите, заклучно со вчерашниот ден реализиран е поврат од речиси 500 милиони евра. Петрова нагласи дека процесот е континуиран и дека налозите се подготвуваат за компании со ниско ризично профил, додека кај други се вршат дополнителни контроли кои можат да го продолжат процесот.

„Околу половина од дополнително утврдените даноци, кои претходно не биле правилно пресметани и пријавени од страна на даночните обврзници, се однесуваат на ДДВ. За периодот јануари-октомври имаме околу 60 милиони евра дополнително утврдени даноци, половината од нив се ДДВ. Поради тоа се вршат контроли за да се спречи неосновано исплаќање средства од буџетот“, додаде Петрова, нагласувајќи дека времетраењето на контролите зависи од големината на компанијата и понекогаш е потребно проширување на проверките.

Во однос на остварувањето на планот за наплата на даноци, Петрова посочи дека за периодот јануари-октомври реализацијата изнесува околу 99% кај ДДВ и околу 95% кај данокот на добивка. Кај данокот на личен доход, каде што наплатата е нешто пониска од планираното, се спроведуваат дополнителни активности со цел подобрување на резултатите.

Tags: Македонија

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Апсурден инцидент во Севиља: Тоалет паѓа од мост и блокира сообраќај
Next: Лажен Бред Пит ја измами Швајцарката, остана сама во хотел

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

10/11/2026
Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

10/11/2026
„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

10/11/2026
Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

10/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.