Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Државата можеби ќе донира дел од гардеробата на Боки 13 вредна 600.000 евра

Gladiator 17/10/2025

Запленетата луксузна облека на Бојан Јовановски – Боки 13, проценета на околу 600.000 евра, веќе пет години се наоѓа во магацините на Агенцијата за управување со одземен имот. По долго чекање за проценка, предметите сè уште не се понудени на продажба.

Според информациите на „Фокус“, постои можност облеката да не биде продадена, туку да заврши како донација. Агенцијата потврдува дека одземените предмети можат да се продадат, уништат или да се предадат на државни институции, јавни организации или фондации, зависно од одлуката на Управниот одбор.

Оваа можност стана реалност откако пред три месеци беа направени измени на Законот за управување со конфискуван имот, овозможувајќи облеката да се користи како донација за државни органи, јавни установи или здруженија.

Во летото 2019 година, истражители од домот на Јовановски одзедоа 71 вреќа со гардероба, чевли, чанти, часовници и накит – вкупно 1.208 парчиња од светски познати брендови како „Луј Витон“, „Версаче“, „Долче и Габана“, „Гучи“, „Валентино“ и „Диор“. Меѓу нив беше и впечатливата сребрена наметка од „Луј Витон“ вредна 8.000 евра, која Боки 13 ја носеше на доделувањето на наградите „Story“.

Обвинителството тврди дека Јовановски ги набавил овие парчиња во 2018 и 2019 година, трошeјќи над 1,5 милион евра, пари кои наводно ги добил од бизнисменот Орце Камчев. Од друга страна, Боки 13 инсистира дека гардеробата е легално купена и дека 95% од парчињата ги има од 2013 година, поддржувајќи го својот став со 1.650 фотографии од своите аутфити низ годините.

Tags: боки 13 Македонија

Continue Reading

Previous: (ФОТО+ВИДЕО) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: Загинаа најмалку три лица
Next: (ВИДЕО) Македонското знаме гордо се вее во Бугарија: Христијан Симоновски балкански шампион во таеквондо!

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

22/06/2026
(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

22/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.