Фото: Принтскрин
Во центарот на Гостивар денеска е извршен вооружен грабеж во златарницата „Артар-Алтинци“.
На социјалните мрежи се појави видео од моментот на нападот, на кое се забележуваат неколку лица со маски како влегуваат во златарницата.
Тие се вооружени и под закана со оружје вршат грабеж, додека пред објектот ги чека автомобил во кој внесуваат предмет што наликува на торба.
