Фото: Венко Филипче
Македонија мора цврсто да го следи европскиот пат, со активни чекори, конкретни резултати и јасна визија за иднината – порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, за време на неговата официјална работна посета на Париз.
Според Филипче, престојот во Франција има цел да се промовираат и заштитат националните интереси и да се потврдат позициите на Македонија во евроинтеграцискиот процес. Тој истакна дека СДСМ веќе ја гради стратегијата за проактивен пристап во надминувањето на блокадите и создавање услови за напредок кон членство во Европската Унија.
Тој посочи дека македонскиот јазик, културното наследство и идентитетот се веќе јасно заштитени во повеќе европски документи, како и во рамката што ја дефинира односот со Европската Унија.
