Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Мицкоски: Платите ќе растат според продуктивноста

Gladiator 15/08/2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата разгледува можност идното зголемување на платите да се врзува со растот на продуктивноста. „Во иднина планираме примањата да се зголемуваат паралелно со продуктивноста, со цел да се избегне неконтролирана инфлација“, изјави тој во Штип, по презентацијата на новата воена опрема од САД.

Мицкоски призна дека таквиот пристап може да предизвика политички незадоволства, но, според него, подобро е тие последици да се почувствуваат сега, отколку граѓаните да трпат висока инфлација на долг рок. Тој потсети дека јулската инфлација во земјава изнесувала 4,8% на годишно ниво, што е во рамките на просекот во регионот.

Говорејќи за факторите што ја поттикнуваат инфлацијата, премиерот посочи дека најголем притисок доаѓа од секторот на услугите, каде цените во одредени области пораснале за над 20%. Владата, според него, има ограничени можности за интервенција, но ќе продолжи со мерки како што е ограничување на трговските маржи за училишен прибор и други потреби пред почеток на учебната година.

Мицкоски нагласи дека ад-хок ограничувањето на маржи не е трајно решение и отвора прашања за одржливоста на пазарната економија. Сепак, тој предупреди дека нема да се толерираат злоупотреби од страна на одредени синџири маркети и најави дека Комисијата за заштита на конкуренцијата, која е кадровски зајакната, наскоро ќе спроведе контроли и санкции за скриени маркетинг практики.

Во однос на услугите, премиерот додаде дека Владата нема директна можност да го регулира ценовникот на ресторани, кафулиња или транспортни компании, но и тука ќе се разгледуваат можни мерки.

„Поврзувањето на продуктивноста со растот на личните доходи е поопфатен пристап кој, на среден рок, очекуваме да даде значајни резултати“, заклучи Мицкоски.

Tags: христијан мицкоски

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Пратеник брутално нападнат во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“
Next: Раст од 20% на странски туристи во првото полугодие

Најново

  • (ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода
  • (ВИДЕО) Први снимки од местото на незгодата во Кисела Вода
  • Нови детали за незгодата во Скопје: Тројца работници биле затрупани, во тек е спасувачка акција
  • Инцидент во Скопје: Работници затрупани при ископ за нова зграда
  • (ВИДЕО) Драматични снимки: Украина изврши голем удар врз Русија – загинаа 12 офицери

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода

(ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода

24/04/2026
(ВИДЕО) Први снимки од местото на незгодата во Кисела Вода

(ВИДЕО) Први снимки од местото на незгодата во Кисела Вода

24/04/2026
Нови детали за незгодата во Скопје: Тројца работници биле затрупани, во тек е спасувачка акција

Нови детали за незгодата во Скопје: Тројца работници биле затрупани, во тек е спасувачка акција

24/04/2026
Инцидент во Скопје: Работници затрупани при ископ за нова зграда

Инцидент во Скопје: Работници затрупани при ископ за нова зграда

24/04/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода
  • (ВИДЕО) Први снимки од местото на незгодата во Кисела Вода
  • Нови детали за незгодата во Скопје: Тројца работници биле затрупани, во тек е спасувачка акција
  • Инцидент во Скопје: Работници затрупани при ископ за нова зграда
  • (ВИДЕО) Драматични снимки: Украина изврши голем удар врз Русија – загинаа 12 офицери

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.