Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Пратеник брутално нападнат во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

Gladiator 15/08/2025

Синоќа низ Србија повторно избувнаа протести проследени со тензии и низа инциденти. Во Белград, во близина на зградата на Генералштабот, поддржувачи на владејачката Српска напредна партија (СНС) испукуваа пиротехнички средства кон жандармеријата и кон собраните граѓани. Слични сцени беа забележани и на други локации во главниот град, како и во Нови Сад и уште неколку градови, каде полицијата употреби солзавец за растерување на демонстрантите.

Меѓу повредените е и Пеѓа Митровиќ, пратеник кој тврди дека бил нападнат од седум до осум маскирани лица. „Се нафрлија врз мене без никаква причина. Кога им реков дека сум пратеник, одговорија дека тоа не ги интересира и почнаа брутално да ме удираат по главата и нозете со шипки“, изјави тој

Митровиќ вели дека нападот бил придружен со навреди и малтретирање. „Сфатив дека работата може да заврши многу лошо, па се засолнив и избегав. Очигледно имав работа со луѓе кои изгубиле контрола“, додаде тој.

Пратеникот ја обвини власта дека стои зад насилството: „Ова е директен резултат на политиката на режим кој тоне во агресија. Кога државата дозволува хулигани блиски до СНС да тепаат мирни граѓани, тоа е доказ за нејзин колапс. Ова не смее да биде Србија на Вучиќ. Диктатор на крајот на својата моќ е подготвен да примени најжестоко насилство, но нема да избега од одговорност“.

Најтешкиот судир синоќа се случи на улицата „Кнез Милош“, каде полицијата уапси повеќе лица откако од блиска оддалеченост беа испукани пиротехнички средства кон демонстрантите. По полноќ, атмосферата во Белград и другите градови остана напната, со силно полициско присуство, иако тензиите беа нешто намалени во однос на претходните часови.

Tags: немири протести Србија

Continue Reading

Previous: Кремљ оптимист: Путин и Трамп би можеле да постигнат договор во Алјаска
Next: Мицкоски: Платите ќе растат според продуктивноста

Најново

  • Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев
  • Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!
  • (ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“
  • (ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз
  • Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев

Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев

26/10/2026
Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!

Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!

26/10/2026
(ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“

(ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“

26/10/2026
(ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз

(ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз

26/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев
  • Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!
  • (ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“
  • (ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз
  • Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.