На социјалните мрежи се појави загрижувачка порака, откако на профилот за неформална дружба меѓу студентите на студентскиот дом „Гоце Делчев“ беше објавено дека лифтовите не се во функција.
Лифтовите не биле во функција, а наводно причина за тоа била кражба на сопирачките на лифтовите во блок А и В.
„Разговарав со мајсторите, сега го поправаат едниот лифт во блок Б, ми кажаа дека ќе се обидат да го средат да работи до наредната недела додека стигне делот од Италија, кој се чека. Наредна недела комплетно ќе ги сменат двата лифта во блок Б. Ми кажаа дека украдени се кочниците на лифтовите во блок А и В, чекаат да ги вратат“, се вели во објавата.

