Луксузното „Порше“, кое беше забележано непрописно паркирано во скопската населба Дебар Маало, не припаѓа на полициски службеник, како што првично се шпекулираше, туку е во сопственост на Срѓан Керим – поранешен министер за надворешни работи, амбасадор на Македонија во Обединетите нации и Германија, објави „Скопје1“.
Од податоците добиени од Министерството за внатрешни работи може да се заклучи дека Керим лично го управувал возилото во моментот на прекршокот. Во информацијата стои дека „на возачот на возилото С.К. му е издаден платен налог“, што укажува дека станува збор за него, објави „Скопје1“.
Полицаецот со „Пајакот“ најпрво не сакаа да го кренат возилото, но по бурната реакција на граѓаните тие мораа да го санкционираат прекршителот на правилата и прописите.
Извор: Скопје1
