Сите се свесни дека постои сообраќаен хаос во Скопје, но очигледно ниту големиот број на казни не ги обесхрабрува возачите да престанат да го кршат законот.
На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележат еден куп прекршоци во само 30 секунди, а исто така на видеото има и полицаец кој не санкционира ниту еден од возачите.
Сообраќајната култура е на ниско ниво во главниот град или може слободно да кажеме дека не постои поради несовесни возачи.
