По видеото кое се појави на социјалните мрежи на кое може да се забележи дека „Пајакот“ се двоумеше дали да го крене непрописно паркираното возило „Порше“ од Дебар Маало, пристигна реакција и од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Настанот за кој прашувате се случил на 22.03.2025. Возилото е подигнато од страна на ПОЦ и од страна на СВР Скопје издаден е платен налог. Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник“, велат од МВР за „4news.mk“.
