Фото: Принтскрин
На социјалната мрежа Фејсбук се појави видео кое предизвика бурни реакции во јавноста. На снимката се гледа како екипа од пајак службата одбива да подигне возило што е очигледно непрописно паркирано на тротоар – со објаснување дека припаѓа на полициски службеник.
Граѓани веднаш се побунија и побараа од „Пајакот“ да го крене „Поршето“, иако најпрво одбиваа да го направат тоа, по што луѓето почнаа да скандираат „Казна, казна“.
Снимката била направена на 22 март.
