Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Јапонија му донира дигитален рентген апарат на Здравствен дом Неготино

Gladiator 04/12/2024

Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја, денес присуствуваше на свечената церемонија на примопредавање на завршениот проект во рамките на Програмата за грантови за мали проекти (GGP) во Јавната здравствена установа (ЈЗУ) „Здравствен дом Неготино“.

Домаќини на настанот, организиран во знак на благодарност за оваа значајна донација, беа градоначалникот на општина Неготино, д-р Горан Стојанов, и директорот на Здравствениот дом, д-р Љупчо Пасинечки.

Како дел од проектот, установата доби современ дигитален рендген апарат со вкупна вредност од 61.001 евро. Оваа инвестиција ќе придонесе за значително унапредување на квалитетот на здравствените услуги за жителите на Неготино и околината.

Програмата за грантови за мали проекти (GGP) досега поддржа над 70 иницијативи во здравствениот сектор со вкупна вредност од речиси 4 милиони евра. Дополнително, во 2021 и 2022 година, како одговор на пандемијата на COVID-19, Јапонија обезбеди медицинска опрема за јавните здравствени установи во вредност од 813.000 евра, преку Програмата за економски и социјален развој. Оваа помош вклучи и лекови за третман на 100 пациенти заболени од COVID-19.

Од 1996 година, преку GGP програмата, Јапонија финансира реновирање и опремување на образовни и здравствени установи, како и комунални проекти низ Македонија. Досега се реализирани над 76 проекти за училишта и градинки, 70 за здравствени установи и набавка на 36 специјализирани возила за управување со отпад, кои се распределени во 56 општини. Вкупната вредност на сите овие проекти изнесува над 9,2 милиони евра, стои во официјалното соопштение од Амбасадата на Јапонија.

Овој гест е уште еден доказ за долгогодишното пријателство и соработка меѓу Јапонија и Македонија, со особен акцент на подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Tags: јапонија македонија рентген

Continue Reading

Previous: Делови од Скопје денеска без струја поради технички зафати
Next: Хуманитарна акција: Новогодишни пакетчиња за деца

Најново

  • (ФОТО) Ова е девојката од Македонија која загина утрово во Албанија
  • Договор кој го следи цел свет: Иран ги откри картите од преговорите со САД
  • (ВИДЕО) Трагедија при скок во Бразил: 21-годишна девојка загина по пад од мост, сведок тврди „Можев да бидам јас“!
  • ШОК ВО СКОПЈЕ: Приведен 31-годишник по напад врз двегодишно дете во двор!
  • 21-годишник возел 244 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија, полицијата го приведе и возилото му беше одземено!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Ова е девојката од Македонија која загина утрово во Албанија

(ФОТО) Ова е девојката од Македонија која загина утрово во Албанија

14/06/2026
Договор кој го следи цел свет: Иран ги откри картите од преговорите со САД

Договор кој го следи цел свет: Иран ги откри картите од преговорите со САД

14/06/2026
(ВИДЕО) Трагедија при скок во Бразил: 21-годишна девојка загина по пад од мост, сведок тврди „Можев да бидам јас“!

(ВИДЕО) Трагедија при скок во Бразил: 21-годишна девојка загина по пад од мост, сведок тврди „Можев да бидам јас“!

14/06/2026
ШОК ВО СКОПЈЕ: Приведен 31-годишник по напад врз двегодишно дете во двор!

ШОК ВО СКОПЈЕ: Приведен 31-годишник по напад врз двегодишно дете во двор!

14/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Ова е девојката од Македонија која загина утрово во Албанија
  • Договор кој го следи цел свет: Иран ги откри картите од преговорите со САД
  • (ВИДЕО) Трагедија при скок во Бразил: 21-годишна девојка загина по пад од мост, сведок тврди „Можев да бидам јас“!
  • ШОК ВО СКОПЈЕ: Приведен 31-годишник по напад врз двегодишно дете во двор!
  • 21-годишник возел 244 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија, полицијата го приведе и возилото му беше одземено!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.